Омар Имери промовиран во дресот на Шкендија

Шкендија и официјално го промовираше третото свое засилување за следната сезона во името на младинскиот репрезентативец Омар Имери кој доаѓа од екипата на Шкупи.

Имери се одлучи да замине од Чаир и покрај понудата од Шкупи за продолжување на соработката, потпишувајќи тригодишен договор за соработка со Шкендија.

„Среќен сум што доаѓам во клуб како Шкендија… Горд што сум дел од клубот кој минатата сезона доминираше и освои две титули. Им благодарам на сите во клубот за ангажманот и искрено ќе се обидам да ја оправдам довербата“ – изјави Имери на официјалната промоција во новиот дрес.

Претходно Шкендија се засили и со дефанзивецот Костадин Чешмеџиев од Академија Пандев и офанзивецот Ремзифаик Селмани кој пристигна од редовите на унгарски Ујпешт.

Се вчитува...