Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните репрезентации, Горан Пандев денеска во Германија имаа средба со македонскиот „дијамант“, Елиф Елмас.
„Разговор на фудбалски теми, за идните планови и визии околу македонскиот фудбал. Доаѓаат големи работи“ – споделија од Фудбалската федерација на Македонија.
Омерагиќ и Пандев, на покана од Фудбалската федерација на Германија, деновиве се дел од престижниот јубилеј – 125 години на Германската фудбалска федерација.
Елиф Елмас, пак, се наоѓа пред заминување од Лајпциг. Македонскиот репрезентативец воопшто не добива минутажа во клубот, поради што се поизвесено во овој преоден рок ќе го напушти германскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА