Омот-Килде победи во својот Квитфил и го освои малиот кристален глобус во Супер-џи

Норвежанецот Андре Омот-Килде победи на претпоследниот супервелелалом во сезоната во алпско скијање кој денеска се возеше во неговиот Квитфил. Домашниот скијач до победата стигна со време од 1:25.91 минути.

Второто место му припадна на Канаѓанецот, Џејмс Крафорд кој доцнеше само седум стоти делови од секундата зад времето на победникот. Подиумот го надополни, Австриецот Матијас Мајер кој доцнеше 12 стотинки зад времето на Омот-Килде.

Со оваа победа Норвежанецот го осигура малиот кристален глобус во супервелелслалом откако Мајер заврши само трети, а најблискиот кандидат Марко Одермат имаше лоша трка и на крајот го зазема само 26. место.

Се вчитува...