Омразата пред класата: Атлетико без „шпалир“ за Реал

Реал Мадрид изминатиов викенд стигна до титулата број 35 во Ла Лига, „кралевите“ добија честитки од речиси сите клубови, a порака не испратија само Атлетико и Осасуна.

Тимот на Диего Симеоне во недела ќе го пречека Реал Мадрид, и како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Атлетико нема ниту да приреде шампионски „шпалир“, а ова го потврди и дефанзивецот Хименез.

„Дали ќе направиме шампионски шпалир за Реал?-Честитки за освоената титула, но ги почитуваме нашите навивачи“, потенцираче Хименез.

Голманот Олбак го поддржа својот соиграч.

„Како капитен, јас сум од оние кои ниту сакаат да даваат, ниту пак да добиваат шампионски шпалир. Но конечната одлуката ќе ја донесе клубот и ние ќе го сториме тоа што ќе биде побарано од нас“, изјави Јан.

Се вчитува...