Омразата пред класата – Јуве без шпалир за Интер

Шпалир како поздрав за шампионите е вообичаена традиција на фудбалските терени, но Јувентус реши да не ја испочитува истата пред големото дерби со Интер.

„Нероаѕурите“ како нови прваци допатуваа во Торино, прекинувајќи ја низата од девет скудета на „старата дама“. Од таборот на Јуве не одговараа на прашањата дали на ваков начин ќе бидат поздравени новите шампиони, но денешното дерби почна без шпалир за избраниците на Антонио Конте.

Класата треба да е вечна и кога се победува, но и кога се губи, но тоа за жал не е случај со Јувентус.

Се вчитува...