ЛА Лејкерс влегоа во плејоф серијата против Хјустон рокетс без повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс, при што американските кошаркарски аналитичари предвидуваа брза елиминација на славниот клуб. На теренот се случува токму спротивното, па ЛА Лејкерс по првите три меча имаат водство од 3-0 во оваа серија, откако рано утрово на гостински терен ја добија драмата со „ракетите“ славејќи со 108-112 по продолжение од пет минути.
„Езерџиите“ се вратија од негатива од шест поени на половина минута до крајот, го одведоа мечот во продолжение, за таму да стигнат до важна гостинска победа. Леброн Џејмс продолжи да ги уривва границите на тоа што е нормално, а што не во професионалниот спорт, „суперстарот“ на Ла Лејкерс мина на теренот дури 45 минути, успевајќи да наниже 29 поени, надоплнети со 13 скоковии асистенции. Воедно, Леброн имаше клучна украдена топка и тројка во самиот финиш од регуларниот дел од мечот, со што беше најзаслужен за големиот камбек.
Одличен придонес даде и Маркус Смарт, прв играч во историјата на ЛА лејкерс што на две средби во низа во плејофот имал најмалку 20 поени и пет украдени топки, На Хјустон не му помогна ниту одличното издание на Шенгун кој стигна до дабл-дабл од 33 поени и 16 скокови.
LEBRON STEAL AND GAME-TYING 3 🤯🔥
WHAT A MOMENT. pic.twitter.com/JVhRBchHkR
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 25, 2026
Со 3-0 поведе и Сан Антонио во серијата против Портланд откако спарси утрово триумфираа на гостински терен со 108-120, победа уште позначајна ако се знае дека е остварена без Вембињама кој паузираше поради потрес на мозокот по незгодниот пад на претходниот меч. Касл ја презеде лидерската улога со 33 поени додека Харпер стигна до дабл-дабл од 27 поени и 10 скокови, а најефикасен кај Портланд беше Холидеј со 29 поени.
Бостон има предност од 1-2 во серијата со Филаделфија по победата што селтикси ја забележаа на гостински терен (100-108). Смарт и Тејтум со по 25 поени беа најистакнати во победничката екипа, додека на Филаделфија не и помогна ниту одличното издание на Макси кој реализираше 31 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
