Белинда Бенчиќ е изненадувачка освојувачка на златниот медал на Олимписките Игри во Токио, откако швајцарската тенисерка во денешното големо финале ја совлада Маркета Вондрусова од Чешка со 2-1 во сетови. Со овој успех, Бенчиќ стана првата Швајцарка што успеала да стигне до олимписко злато во сингл откако тоа го стори Марк Росе во 1992, а за големината на резултатот најдобар доказ е фактот дека ниту големиот Роџер Федерер нема триумфирано на ОИ во сингл-конкуренција.
Првиот сет мина во жестока борба што Бенчиќ ја доби со 7-5, но Вондрусова заигра далеку подобро во вториот, лесно славејќи со 6-2. Вондрусова дури и успеа да стигне до брејк на самиот почеток од третиот сет, но следеше супериорна завршница на Бенчиќ, која лесно направи пресврт, славеше во решавачките моменти со 6-3 и се закити со златниот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА