Онана брутално искрен: Само поради мене загубивме…

Манчестер Јунајтед и покрај тоа што постигна три гола на „Алијанц Арена“, не успеа да остане непоразен во групата А од Лигата на шампионите во пресметката со Баерн Минхен.

„Црвените ѓаволи“ загубија со 4-3 и покрај огромната желба да освојат барем бод во Минхен. Но, залудна желбата на играчите кога на голот го имаа Андре Онана кој имаше лоша реакција при првиот гол на домашниот тим по кој нештата тргнаа во погрешен правец за премиерлигашот.

Онана по мечот призна дека тој е единствениот виновник за поразот на неговиот тим.

„Јас сум тој што го изневери тимот. Тимот беше добар, но поради мене не го добивме натпреварот. Но, тоа е животот на еден голман. Морам да извлечам поуки од сето ова, да бидам силен, да продолжам понатаму. Имам многу да докажам и покажам во иднина. Да бидам искрен, мојот почеток во Манчестер не е како што сакам. Ова беше веројатно мојата најлош меч. Тешко е, тежок период за мене“ – истакна Онана по синоќешниот дуел.

Се вчитува...