Поранешната легенда на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го критикуваше голманот Андре Онана поради неговите киксови во последно време, меѓу кои и оној на „Алијанц Арена“ во Минхен, кој беше „најзаслужен“ за поразот на неговиот тим од 4-3 во првиот меч во групната фаза од ЛШ.
Камерунецот беше доведен на местото на Давид де Геа за 50 милиони евра, а од друга страна Шпанецот замина како слободен агент од „Олд Трафорд“.
„Онана е сигурен кога игра со нога, но голман е платен да брани. За него оваа ситуација беше комплицирана. Грешката е сериозна и мора да се надмине“, коментираше Фердинанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА