Opel Insignia Exclusive: Aвтомобил од соништата направен по мерка на купувачите

Направете го вашиот автомобил од соништата во вашата омилена боја! Ова не е проблем со програмата за ексклузивна индивидуализација на Opel. Opel Exclusive им овозможува на купувачите на моделите – Grand Sport, Sports Tourer и Sports Tourer, да ја изберат својата персонална боја и да се одлучат за тркала од лесна легура што најмногу им се допаѓаат. Во иднина ќе бидат достапни и специјални детали на кожни облоги и стилски елементи. Благодарение на Opel Exclusive, вашиот автомобил станува ваша лична визит-карта.

Единствена – Insignia во боите на Opel Exclusive

Со Opel Exclusive клиентите при конфигурирање на нивната нова Insignia имаат избор од 15 специјални бои, покрај 13-те бои во редовниот ценовник. Спектарот вклучува Dynamic Orange, Tornado Blue, Panther Black или Light Champagne. Но, клиентите исто така, можат да дадат свој личен елемент. Ова би можело да биде бојата на нивните омилени вратоврски или приколката за коњи, така што комплетната комбинација е со иста боја, или во која било друга нијанси.

Корисниците на Opel Exclusive можат исто така да изберат завршна обработка на бојата:

  • Металик, која содржи честички од алуминиум во различни големини

  • Бисерен ефект, кој содржи фрагменти од минерали или честички од алуминиум

  • Монохроматска обработка, за особено силен тон, без дополнителна содржина

  • Лакиран завршен слој (завршниот слој на прозирениот лај е лесно обоен, давајќи и на оваа интензивна и сјајна боја дополнителна прозрачност)

 

Посетете го дилерот на Opel – а експертите ќе го направат остатокот

Првата станица на патот кон Insignia од соништата е локалниот дилер на Opel. Клиентот обезбедува на  пример, вид на боја во форма на слики, фотографија или кодот на одредена боја, и производството на уникатната Insignia може да почне. Производството на ексклузивниот водечки модел започнува во фабриката во Риселсхајм. По потопување во комората за бојадисување, каде што се нанесува основната боја, каросеријата привремено се отстранува од редовната производна линија.

Во исто време, експертите за Exclusive веќе почнале да работат. Неколку недели пред да ја допрат вистинската каросерија, тие почнуваат да ја развиваат бојата на автомобилот. Постепено, тие се приближуваат кон изборот на купувачот. Кога експертите се подготвени, клиентот добива примерот на бои во форма на автомобил од 15 сантиметри. Ако клиентот е задоволен, се прават околу 9 килограми од оваа боја. Ова е доволно за да го бојадисаат каросеријата, антената, ретровизорот и другите дополнителни делови. Точната формула за боја е архивирана и клиентот ја прима својата лична “Боја на идентитет”. Оваа етикета, исто така, може да се најде во внатрешноста на автомобилот, доколку е потребна повторно таа боја. Кога сите делови се во избраната боја, каросеријата се враќа на производната линија. Тогаш Insignia Exclusive се завршува во компјутерски контролиран процес, се додека не ја напушти линија за производство, како целосно опремен и готов автомобил. Дури и маската за паметни телефони е достапна во избраната боја со логото на Opel Exclusive!

 

Повеќе од бојата – има и добра опрема за Insignia Exclusive

Предностите на Opel Exclusive одат подалеку од речиси неограничен број на бои и завршна обработка. Купувачите исто така својот автомобил од соништата може да го украсат со необични црн екстериер со висок сјај (“High Gloss Black Exterior”): вообичаенo со хромирани делови, како што се решетката на ладилникот, светла за магла, рамките за прозорци и – во верзиите Sports Tourer и Sports Tourer – шините на покривот се трансформирани во црна боја со висок сјај. Специјални тркала од лесни легури со дијаметар од 18 и 20 инчи што совршено одговараат на динамичниот изглед на топ моделот на Opel, се исто така достапни. Во внатрешноста, клиентите може дополнително да го персонализираат нивниот автомобил со ексклузивна  кожа и декоративни детали, кој патем може да се комбинираат со опции на “редовни” Insignia.

Комерцијален текст

Се вчитува...