Опомена: Грците поведоа, но Македонија има „плус два“ на полувреме

Македонската репрезентација има предност од 13-11 по првото полувреме од дуелот со Грција, 30 минути преполни со осцилации во нашата игра. Гостите имаа и три гола пресврт, до пресврт стигнавме откако Никола Митревски застана на голот, а Пешевски погоди неколку удари од линијата за шест метри, но јасно е дека ќе мора да се игра многу подобро во вториот дел за да се осигура победата и пласманот на првото место во групата.

Грчкиот голман Букоминас фантастично го почна мечот, во првите две минути бранејќи три чисти шутеви на Лазаров, Маџовски и на Гоце Георгиевски. Гостите поведоа со 0-2. Патот до мрежата на Грците прв го најде Филип Кузмановски, со шут од место во 4. Минута.  Нашиот среден бек веќе во следниот напад направи пенал и заработи исклучување, а немоќта во нашата одбрана беше и повеќе од очигледна во почетните десет минут во кои Грција поведе и со три гола разлика (3-6).

Маџовски промаши зицер со играч повеќе при негативаа од 5-7, а проблемите се зголемија откако Кузмановски веќе во 14. Минута го заработи и второто исклучување. При негатива од 5-8 на голот застана Никола Митревски, по што Грците во следните три наади не постигнаа ниту еден погодок. Конечно успеавме да ги стабилизираме нашите редови, па во 23. минута Пешевски израмни на 9-9 на асистенција на Лазаров, воедно и изнудувајќи исклучување на Пасиас.

До првото водство на натпреварот стигнавме во 26. минута, кога по новата успешна интервенција на Митревски во контра тргна Никола Маркоски, погодувајќи за предност од 11-10, по што грчкиот селектор веднаш побара тајмаут. Во нашите редови во голгетерски ритам влезе Пешевски, одбраната доби на цврстина, па на одмор заминавме со предност од 13-11.

Се вчитува...