Опозицијата бара расветлување на „случајот со СРЦ Кале“

Владата да го раскине договорот со Даниел Димевски, кој беше на листата надворешни соработници на експремиерот Зоран Заев, а Антикорупциската комисија да го расветли случајот, бара опозицијата преку соопштението испратено до нашата редакција, реагирајќи на обелоденувањето на предметот против него поради закуп на дел од спортската сала „Кале“.

Истовремено се бара од Државниот правобранител веднаш да започне постапка за раскинување на договорот. Покрај тоа и:

– плаќање со компензација на штета на доверителите на ЈПСОС (член 6)
– можност за пренамена на дејноста од спорт во нешто “друго” ( член 3)
– можност за трајна градба по измената на ДУП-от и поделба 80% за него 20% за државата по истекот на договорот 2049 година ( член 7 )
– предност за купување при евентуална продажба на државното земјиште (член 7 )

1. Ја повикуваме Антикорупциската комисија веднаш да го расветли овој случај,

2. Државниот правобранител веднаш да започне постапка за раскинување на незаконскиот (склучен без електронско наддавање) договор штетен за РМ врз основа на прекршени одредби од законот за облигациони односи, законот за процена,законот за извршување, законот за спорт член 61,63 и 64 и законот за користење и употреба на добрата во државна сопственост и добрата во општинска сопственост член 37 став 1 и 2.

3. Владата веднаш да го разреши Шпенди Хајредин директорот на ЈПСОС, заради незаконско работење и злоупотреба на службената должност, а МВР да започне кривична постапка.

4. Владата веднаш да го раскине договорот со Даниел Димевски, како надворешен соработник за спорт на премиерот, а МВР да започне кривична постапка.

Се вчитува...