Општа доминација: Срби за прв пат во историјата ги споија МВП признанијата (ВИДЕО)

Прогласувањето на Никола Јокиќ за МВП на НБА лигата ја потврди српската доминација во светската кошарка па Срби сега се најкорисните играчи на тритте најсилни интернационални натпреварувања – НБА, Евролига и Еврокуп.

Како потсетување, претходно Милош Теодосиќ го освои МВП признанието на Еврокупот, а Василије Мициќ сеуште е МВП на Евролигата од сезоната 2020/21. Со тоа е испишана историја во кошарката бидејќи за прв пат тритте престижни награди се во рацете на кошаркари од иста држава.

Се вчитува...