Општа пресметка во Охрид, на крајот Е. Пелистер 2 избори излез во Европа

Последното коло во плеј-офот во ракометната Суперлига, имаше хаотична сцена, откако во 49. минута се случи мешаница меѓу двата тима во која нервите ги загубија Ѓорговски и Николов. Николов тргна да го удира противничкиот ракометар, со што тргна хаосот.

Сепак, страстите брзо се смирија, па натпреварот продолжи, а двајцата беа исклучени.

Од целиот тој хаос, „профитираше“ Еурофарм Пелистер 2 кој успеа да освои бод и да избори место во Европа. Озтурк и Ивановски по шест гола беа најефикасни кај домашните, додека Џукиќ постигна седум гола и беше најефикасен на средбата.

Се вчитува...