Општината на помош: МЗТ доби „инјекција“, Американците се вратија на терен

МЗТ Скопје со пораз од Работнички ја заврши Супер-лигата, резултат што нема поголемо значење за „металците“, кои од претходно си го имаа осигурано првото место во пресрет на плеј-офот. Многу поважно за „сино-белите“ е што беа решени нивните финансиски проблеми, откако Општина Аеродром обезбеди средства со кои би се подмириле долговите кон кошаркарите и стручниот штаб.

Долговите кон играчите беа причина двајцата Американци, Џејмс Вудард и Лестер Медфорд, воопшто да не се најдат во тимот на натпреварите со Куманово и со Гостивар. Сепак, тие беа дел од екипата на синоќешното дерби со Работнички, како уште една потврда дека финансиската состојба во клубот се стабилизира.

МЗТ Скопје в недела ја стартува полуфиналната серија против Гостивар, па добра вест е што тренерот Кочов ќе ги има на располагање сите кошаркари, кои ќе можат да се фокусираат само на играта, без проблеми надвор од теренот. Со Вудард и Медфорд во тимот, МЗТ дефинитивно останува главен фаворит за враќање на тронот на македонската кошарка.

Се вчитува...