ОПСТАНОК: Победа се има во свои раце…, Скопје и Пелистер во незавидна ситуација!

Прилепска Победа е во најдобра позиција пред денешното последно коло од Првата македонска фудбалска лига, во однос на конкурентите Скопје и Пелистер во трката избегнување на преселба во Втората лига.

За Победа е неопходен триумф против Ренова денеска во Струмица за да го осигура и дефинитивно местото кое ќе ја однесе во бараж за опстанок во прволигашката конкуренција. Прилепчани може до бараж да стигнат и со реми, но само доколку Пелистер загуби од Шкендија во Тетово, а Скопје од Работнички на „Филип Втори“.

Скопје и Пелистер се и тоа како во незавидна ситуација… затоа што сега веќе ништо не зависи од нив. Со триумф на Победа и двете се селат во Втората лига од следната сезона.

Скопје чека пораз или реми на Победа, за со триумф против Работнички тимот на Љупчо Марковски и дефинитивно да се избори за бараж. Скопје може и со реми до бараж, но само доколку и Победа и Пелистер загубат.

Пелистер е во најлоша ситуација бидејќи секако мора да триумфира против Шкендија, а Скопје и Победа не смеат да освојат ниту еден бод против Работнички односно Ренова во денешните дуели од последното коло од сезоната 2017/2017.

ПРВА ЛИГА – ПОСЛЕДНО, 36. КОЛО (денеска, 16:15 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ

Турново: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Струмица: ПОБЕДА – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...