Здравствените организации остануваат на ставот дека до средината на следната година не може да очекуваме на пазарот вакцина за Ковид-19, но фармацевтските компании се далеку поголеми оптимисти, најавувајќи финален продукт до крајот на оваа година. Шпанецот Хуан Андрес, кој е директор во американската компанија „Масачостон“, обелодени дека нивниот пробен продукт дал извонредни резултати.
„Направивме тестови врз 45 волонтери и сите оние кои ја примија нашата вакцина создадоа антитела кои потоа успешно се справуваат со вирусот. Немаме речиси никакви несакани дејства, освен во некои случаи чешање на местото на раката каде се става вакцината. Пресреќни сме, ни самите не очекувавме вакви резултати. Тестирањата ќе продолжат, а ако се биде во ред ќе можеме да произведеме вакцина за американскиот пазар до крајот на декември. За остатокот од светот, вакцината би била достапна на почетокот од 2021, подготвени сме да произведеме над една милијарда примероци од лекот за оваа болест“, истакна Андрес за шпанските медиуми.
Воедно, тој обелодени дека проектот е стартуван уште во месец јануари, на почетокот од март е почнато со експерименти врз луѓе, за кон средината на мај да се влезе во напредна фаза за изнаоѓање на лек за оваа болест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА