Опциите на Кармело Ентони – Лејкерс, Мајами или пензија

Десеткратниот НБА Ол стар играч, Кармело Ентони го напушта Хјустон и е пред изборот – да ја продолжи кариерата или да се повлече во пензија.

Според добрите познавачи на случувањата во лигата, Мело има три опции, да оди во Лос Анџелес Лејкерс, да се пресели во Мајами или да се пензионира. Во Лејкерс би играл со  добриот пријател Леброн Џејмс, а на Флорида би го пречекал Двејн Вејд.

Ентони и Хјустон и натаму не се официјално разделени, но неговото заминување од Тексас е потврдено. Клубот сега само се обидува да најде легален начин за раскин на договорот. Мело имаше ветерански договор вреден 2,4 милиони долари.

Се вчитува...