Орден за Надал од шпанската влада

Рафаел Надал го доби највисокото државно признание на Шпанија. Владата информираше дека му го доделила „Големиот крст за спортски постигнувања“. Ова е најголемото признание што Владата и високиот Спортски совет го доделуваат во државата.

Ваквото признание доаѓа по историскиот успех во финалето на Ролан Гарос во кое Надал со победата над Новак Ѓоковиќ го освои 13. трофеј од овој и вкупно 20. пехар од грен-слем турнирите.

Во објавата од шпанската влада се вели дека е чест што државата има спортист од светска големина кој е пример не само во тенисот туку и како личност кој придонесува во општествениот и во социјалниот живот.

 

 

Се вчитува...