Организаторите на ЛОИ 2028 го одредија датумот на игрите во ЛА

Организаторите на Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година го објавија датумот на одржување на најголемата спортска смотра во светот.

Игрите во Лос Анџелес ќе почнат на 14. јули со церемонијата на свеченето отворање, а ќе бидат затворени на 30. јули.

Според проценките домаќинот за организацијата на игрите ќе заработи неверојатни седум милијарди евра. Ова ќе биде трета организација на Лос Анџелес на ЛОи, откако претходно беше домаќин во 1932 и 1984 година.

Се вчитува...