Орсолини за инцидентот меѓу Михајловиќ и Медел: Синиша само налета на ‘најзовриената’ глава на теренот…

Болоња дојде до третата победа во последните четири кола во Серија А триумфирајќи на гостувањето против Лече со 2-3. Но, мечот сепак го одбележа вербалната пресметка меѓу тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ и нивниот најдобар фудбалер, Гери Медел во финишот на првото полувреме.

Откако Михајловиќ се обиде да го смири Медел да не добие втор жолт картон, темпераментниот Чилеанец тргна да се пресметува со сопствениот тренер. Со оглед на карактерот и темпераментот и на двајцата се очекуваше „пресметката“ да продолжи во соблекувалната, но сепак до тоа не дошло а Медел го одигра целиот натпревар.

Херојот на победата на Болоња, Рикардо Орсолини, кој постигна два гола откри што се случувало во соблекувалната меѓу Медел и Михајловиќ.

„Медел беше навистина храбар, ха-ха-ха… Беше тоа само едно недоразбирање. Не ја видов најдобро ситуацијата бидејќи бев во конфликт со некои противнички фудбалери, но во соблекувалната двајцата си ја решија ситуацијата. Тренерот на крај беше повеќе лут што не ја задржавме концентрацијата и нивото на игра до крајот на мечот и од 0-3 дозволивме 2-3. А, тој другиот проблем веднаш беше решен. Ете, Синиша само налета на најзовриената глава на теренот“ – низ смеа коментира Орсолини.

 

 

Се вчитува...