Осака го отпушти тренерот кој ја донесе на врвот

Тенисерката број еден во светот, Наоми Осака направи изненадувачки потег и го отпушти тренерот со кој во последната година направи огромен успех. Таа на социјалните мрежи кратко соопшти дека ја прекинува соработката со Саша Бајин необјаснувајќи ги причините.

Се огласи и тренерот кој и се заблагодари на младата Јапонка за можноста да соработува со неа.

Дел од големите ѕвезди на тенисот, одлуката ја коментираат како шокантна со оглед дека Бајин ја презеде Осака во 2017 година кога не беше ниту меѓу 70-те најдобри во светот. Во овие речиси две години, Осака се проби до првата позиција, а освои и две грен-слем титули. Триумфираше на УС Опен, а потоа и на Австралија Опен и стана првата тенисерка по Серена Вилијамс во 2015 година и најмлада по Мартина Хингис во 1998 година што врзала два грен-слем успеха.

Се вчитува...