Осака го смени тренерот, па се посрамоти во Дубаи

Наоми Осака веднаш по освојувањето на трофејот на Австралија Опен објави дека се разделува од тренерот Саша Бајин, под чие водство стигна до две гранслем титули во серија. Првичните последици од ваквата одлука се очајно лоши за јапонската тенисерка, која се посрамоти на самиот старт од турнирот во Дубаи, губејќи од Кристина Младеновиќ со 0-2 во сетови.

Осака минатата седмица се откажа од настап во Катар, додека престојот на турнирот во Дубаи на првата носителка траеше премногу кратко по денешното очајно издание и поразот со 3-6, 3-6.

Во останатите дуели од ова прво коло Халеп славеше над Бушар со 7-6, 6-4, Квитова се врати од негатива и триумфираше против Синиакова со 2-1 во сетови, додека Мугуруза беше подобра со 2-0 од Женг од Кина.

Се вчитува...