Осака и Азаренка ќе се сретнат во финалето на Синсинати

Наоми Осака и Викторија Азаренка ќе играат во финалето на турнирот Синсинати, кој годинава поради пандемијата од коронавирусот се игра на терените на УС опен во Њујорк. Осака која прво се повлече од турнирот како подршка во борбата против расизамот, а потоа се предомисли во полуфиналето ја совлада Белгијката Елис Мертенс со 2-0, по сетови 6-2 и 7-6.

Во второто полуфинале Викторија Азаренка по пресврт беше подобра од Британката Јоана Конта со 2-1, 6-4, 4-6 и 1-6. Финалниот меч на женскиот турнир е закажан за утре.

Се вчитува...