Осака: Имам страв од Серена, таа е „ѕверка“

Наоми Осака, која е освојувачка на три гранслем титули, изјави дека Серена Вилијамс инспирирала цела генерација играчи на ВТА турнејата, вклучувајќи ја и неа.

Јапонската тенисерка моментно е треторангирана во светот, а инспирацијата за добрите игри ја црпи токму од Серена Вилијамс.

„Можам да кажам дека доколку Серена не беше во женскиот тенис, јас немаше да играм ниту да бидам тука на зелениот терен. Многу тенисери можат да го кажат тоа. Таа освои толку многу. Серена сè уште прави многу работи подобро од мене. Агресивна е, секогаш знае што да прави во моментите кога ќе се прекине натпреварот. Искрено се плашам кога играм против неа. Не е пријатно кога е во близина на 15, 20 метри од мене “, истакна Осака.

Јапонката ја освои својата прва гранслем титула со победа против Серена на УС Опен во 2018 година. Тогаш Американката со непримерно однесување ја расплака Наоми.

„Ми беше тешко. Некако мојата добра игра падна во втор план. Напорно работев за да дојдам до тоа ниво. Успеав да го надминам мојот страв и да победам. Суштината е во тоа што кога ќе излезам на терен, јас ја гледам Серена само како ривал, а не како легенда на нашиот спорт “, рече Осака.

Инаку, Серена Вилијамс во досегашната кариера има освоено 23 гранслем титули и е на второто место на вечната листа зад Маргерет Корт, која има 24 победи на четирите најголеми турнири.

Се вчитува...