Осака ја продолжува потерата по злато во Токио

Наоми Осака без проблеми го помина и второто коло на олимпискиот тениски турнир во Токио, откако славеше над Швајцарката Викторија Голубиќ со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Јапонската тенисерка не виде мака и без никакви проблеми стигна до осминафиналето каде ќе се сретне со чешката тенисерка Маркета Вондрушова која со 2-0 (6-1 и 6-2) беше подобра од Рoманката, Михаела Бузарнеску.

Во осминафиналето пласман обезбедија и шпанката Гарбиње Мугуруза, освојувачката на Ролан Гарос Барбора Крејчикова, финалистката од францускиот гранд-слем Анастасија Павличенкова како и Сакари, Џорџи, Бенчиќ и Рибакина.

Се вчитува...