Осака ќе ја донира целата заработка од турнирот во Синсинати на Хаити

Втората тенисерка на светот, Наоми Осака одлучи целата заработка од турнирот во Синсинати да ја уплати за помош на Хаити кој беше погоден од земјотрес, а од каде потекнува нејзиниот татко.

Таа се одлучи да и помогне на земјата која последната година и се случија многу несреќи, а последен беше силниот земјотрес од 7.2 степени по рихтер во кој загинаа најмалку 304 луѓе, додека уште повеќе од стотина се повредени.

 

Се вчитува...