Осака повторно во солзи: Не знам кога ќе играм тенис следен пат

По поразот од Лејла Фернандез во третото коло на УС Опен, третата тенисерка во светот, Наоми Осака, изјави дека не е сигурна кога следен пат ќе излезе на терен.

Канаѓанката славеше со 2-1 во сетови, а Осака на прес-конференцијата зборуваше за тешкиот период низ кој поминува, па повторно заплака.

„Го чувствувам тоа … Кога победувам, не се чувствувам среќна. А кога губам, многу сум тажна. Мислам дека тоа не е нормално. Не сакав да плачам, но се чувствувам како… “, едвај зборуваше Осака.

Модераторот потоа сакаше да ја заврши конференцијата, но Јапонката рече дека би сакала да продолжи.

„Многу ми е тешко да го артикулирам ова. Мислам дека дојдов до точка кога треба да сфатам што ќе правам следно. Искрено, не знам кога ќе го играм следниот тениски меч, мислам дека ќе направам пауза од играњето некое време“, рече Наоми.

Се вчитува...