Осака: Се опседнав со првото место на ВТА и играв лошо

Задржувањето на првото место на ВТА листата била единствената мисла во главата на Наоми Осака во текот на четвртфиналниот дуел против Белинда Бенчич во Мадрид. Јапонската тенисерка објаснува дека тоа е причината за поразот од 2-1 во сетови.

„Сите постојано ми велеа дека ако се пласирам во полуфиналето ќе го задржам првото место и јас сакав да го направам тоа. Во текот на мечот постојано мислев на тоа, а тоа воопшто не е добро за тенисот. Најдобро играм кога сум мирна, а во овој дуел тоа не беше случај“ – изјави Осака по поразот од швајцарската тенисерка.

Осака го презеде првото место на ВТА листата во јануари годинава кога на Австралија Опен ја освои втората грен-слем титула.

Се вчитува...