Осака се откажа без борба, Азаренка е шампионка во Синсинати

Викторија Азаренка е шампионка на турнирот Синсинати откако Наоми Осака без борба го предаде големото финале. Јапонската тенисерка се повреди на вчерашното полуфинале против Мертенс, по што денеска реши воопшто да не излезе на терен против Азаренка.

„Жалам што морам да го предадам мечот поради повреда. Го истегнав незгодно мускулот за време на вториот сет, не успеав да се рехабилитирам и затоа сега ќе морам да одморам“, објави Осака.

Јапонката најпрвин објави дека нема намера повеќе да игра во Синсинати поддржувајќи го бојкотот на спортски настани во борбата против полициско насилство во САД. Таа подоцна се премисли и реши да го доигра турнирот, славеше во полуфиналето против Мертенс, но немаше сили да излезе на финалниот мегдан со Азаренка.

Се вчитува...