Осака се премисли – Ќе игра во полуфиналето на Синсинати турнирот

Јапонската тенисерка Наоми Осака сепак се одлучи да настапи во полуфиналето на Синсинати турнирот против Белгијката Елис Мертенс. Осака во средата се повлече од турнирот како протест за полициската бруталност врз Афроамериканецот Џејкоб Бејк која во неделата го потресе светот.

По нејзината одлука од тениската асоцијација на САД одлучија да го суспендираат турнирот на еден ден како подршка во борбата за еднаквоста во светот. По денот пауза и разговорот со организаторот Осака сепак реши да се појави на полуфиналниот натпревар против Мертенс.

„Како што знаете во средата се одлучив да се повлечам од турнирот во знак на поддршка во борбата против расната неправда. Бев и се уште сум подготвена да го предадам мечот на мојата противничка. Но, по мојата објава и долготрајниот разговор со ВТА и УСТА го прифатив моето барање сепак да играм. Тие одлучија да ги одложат сите мечеви за еден ден со што помогнаа уште повеќе да се сврти вниманието на јавноста кон проблемот. Им се заблагодарувам на ВТА и организаторите на турнирот за нивната поддршка“, напиша Осака. 

Осака со својот пример им се придружи на спортистите од НБА, МЛБ, МЛС, ВНБА и НХЛ, а поддршка доби и од колегата тенисер Милош Раониќ кој исто така се пласираше во полуфиналето во машкиот дел од турнирот.

Се вчитува...