Поранешната најдобра тенисерка во светот Наоми Осака ќе се врати на тениските турнири во јануари на турнирот во Бризбејн. Осака се враќа само шест месеци по породувањето.
Четирикратната гранд-слем шампионка во јануари објави дека е бремена, а во јули роди ќерка.
„Навистина сум возбудена што ќе се вратам на теренот и ќе се натпреварувам. Сакам да ја започнам сезоната во Бризбејн и едвај чекам да се вратам. Бризбејн е одличен турнир кој ќе ме подготви за брилијантен кам-бек”, изјави Осака.
Турнирот во Бризбејн почнува на 31. декември и ќе трае до 7 јануари, а е подготовка за првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија Опен, кој започнува на 14. јануари во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА