Осамен на врвот: Само Вардар е „перфектен“ по две кола во групата „Б“

По само две одиграни кола во групата „Б“  голем дел од екипите веќе се „лизнаа“, па Вардар е осамен на врвот како единствен со максимални четири бода. Во прилог на „вардарци“ оди ремито меѓу Кил и Кјелце во првото коло, но и поразот на домашен терен што Веспрем вчера го претрпе од Кил. „Црвено-црните“ се единствени со максимален ефект, како добра увертира и зголемување на самодовербата пред клучните дуели со директните ривали за највисок пласман, Веспрем, Кјелце и Кил.

Кјелце во последниот меч од ова второ коло очекувано лесно го совлада тимот на Мотор со 33-26. Полскиот првак целата работа ја заврши во првото полувреме, поведе со 22-11 и потоа можеше да си дозволи опуштање во вторите 30 минути. Каралек со шест и Јанц и Агинагалде со по пет погодоци беа најзаслужни за овој рутински триумф на полскиот гигант.

Сегед во првото коло од групата А приреди сензација против Барса, но унгарскиот вицепрвак немаше сили за сличен исход и на гостувањето во Париз. ПСЖ триумфираше со 30-25, одличен натпревар одигра Никола Карабатиќ со осум гола, пред Сагосен со пет. Најефикасен во таборот на Сегед при денешниот пораз беше Бодо со пет погодоци.

Барселона синоќа го декласираше Целје со 45-21, а за одбележување е и новиот пораз на Загреб, со неочекувано убедливи десет гола разлика на гостувањето против Алборг.

ГРУПА А: Барселона – Целје 45-21, Алборг – Загреб 30-20, ПСЖ – Сегед 30-25, Фленсбург – Елверум 26-19.

Табела: ПСЖ 4, Алборг 4, Фленсбург 4, Барселона 2, Сегед 2, Елверум 0, Загреб 0, Целје 0.

ГРУПА Б: Вардар – Порто 32-27, Кјелце – Мотор 33-26, Веспрем – Кил 31-37, Мешков – Монпелје 25-27.

ТАБЕЛА: Вардар 4, Кјелце 3, Кил 3, Веспрем 2, Монпелје 2, Порто 2, Мешков Брест 0, Мотор 0.

Се вчитува...