Осасуна испрати жалба за исфрлањето од Лигата на Конференции

Шпанскиот тим Осасуна, вчера ја поднесе својата жалба до Комитетот за жалби на УЕФА со целата потребна документација. Европската куќа на фудбалот минатата недела ја исфрли Осасуна од европските купови, поради два наместени натпревари во сезоните 2012/13 и 2013/14.

Се очекува УЕФА да одговори на жалбата идната недела. Во клубот се свесни дека многу тешко ќе се смени одлуката на УЕФА.

Доколку се потврди казната, тогаш тимот ќе оди преку Судот за спортска арбитража во Лозана, што ќе биде последен орган кој ќе може да ја поништи суспензијата.

Се вчитува...