Дали е ова крај? Осимен му се налути на Наполи поради исмејување на „Тик-ток“

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен на натпреварот против Болоња јавно се расправаше со тренерот Руди Гарсија, во миговите кога беше повлечен од игра, а истиот меч може да биде точката на конечен раздор меѓу фудбалерот и клубот.

Осимен тешко ја поднесе снимката која Наполи ја објавил на социјалната мрежа „Тик-ток“, до толку што се реши да ги избрише сите фотографии од „Инстаграм“ во дресот на Наполи, и преку адвокатот поднел предупредупредување.

„Тоа што се случи со официјалниот „Тик-ток“ на Наполи не смееше да се случи. Снимката во која го исмејуваат Виктор е споделен, а потоа избришан. Тоа е сериозен факт која предизвикува штета на фудбалерот, кој добива ужасен третман од својот клуб додека страда поради лажни вести и осуди од медиумите“, порача Роберто Календа и најави тужба.

На снимката се гледа како со „бебешки“ глас Наполи го исмева Осимен кој бара да го изведе пеналот против Болоња, а потоа го промашува.

Се вчитува...