Осимен за преговорите со Ал Хилал: Беше лудо… јас им велев НЕ, тие се враќаа со повеќе и повеќе пари…

Виктор Осимен минатото лето беше желба на неколку врвни клубови, но нигерискиот репрезентативец го одржа ветувањето дадено до Аурелио де Лаурентис, останувајќи во Наполи и по освоениот шампионски трофеј.

Одличниот голгетер во подкаст чиј водител е екс-фудбалерот Џон Оби Микел говореше за случувањата во текот на летото, особено за преговорите со Ал Хилал, клубот од Саудиска Арабија кој не жалеше пари за да го убеди Осимен да се пресели во оваа екипа.

„Беше лудо, навистина лудо… Јас никогаш не помислив да си заминам од Наполи, желба ми беше да останам и по титулата и тоа дадено ветување го одржав. Не размислував за заминување, но она што се случуваше со Ал Хилал беше навистина лудо. Им кажав НЕ, а тие само се вратија со повеќе пари. Потоа уште неколку пати им објаснив дека нема да си одам од Наполи, но тие само доаѓаа со нови понуди, уште побогати од оние претходните…Беше неверојатно, но на крајот изгледа увидоа дека не можат да ме убедат со пари, па се откажаа. Да играш фудбал не значи само да играш за пари, има толку многу работи кои се дел од овој спорт и јас сум среќен што останав во Наполи“, обелодени Виктор Осимен.

Се вчитува...