Османи: Бевме многу подобри од Вардар, сосема заслужен триумф!

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи сосема очекувано не го крие задоволството од победата од 0-2 во дерби пресметката против Вардар во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Османи по натпреварот нагласи дека сега Шкендија мора на секој следен натпревар да игра во ист стил….

„Сакам да им честитам на фудбалерите за победата на овој натпревар. Бевме подобар противник од Вардар и сосема заслужено стигнавме до триумфот. Постигнавме два гола, а создадовме и уште серија изгледни шанси за гол, но она што е најважно е дека одигравме во ист ритам 90 минути. Факт е дека добредојдена ни беше онаа пауза изминативе две недели, па сега мора да продолжиме во ист ритам. Оваа победа сама по себе ништо нема да значи ако не продолжиме во ист стил и на следните натпревари“ – истакна Ќатип Османи по денешниот дерби дуел.

Се вчитува...