Османи: Имаме проблем со реализацијата, а тоа беше наше најсилно оружје претходно

Шкендија ремизираше без голови против Академија Пандев во дербито на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. За стратегот на тетовци, Ќатип Османи не толку разочарувачки резултат колку што сигурно е разочарување фактот дека неговиот тим два едноподруго натпревари не може да постигне гол…

„Очигледно е дека имаме проблеми со реализацијата. Два меча по ред без постигнат гол сигурно е аларм и ќе мора да поработиме на тоа. Од играта не може да бидеме незадоволни, затоа што создаваме шанси имаме доминација на натпреварите но затајува реализацијата, тоа што можеби и беше наше најсилно оружје. Секако ќе мора да обрнеме внимание на ова на следните натпревари“ – вели Османи по средбата со „пандевци“.

Се вчитува...