Османи: Конкурент на Шкендија за титулата не е само Вардар, туку и Академија Пандев

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи не е задоволен од ремито на неговиот тим на гостувањето против Македонија ЃП во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига и покрај тоа што е зачувана предноста во однос на конкурентите за шампионската титула.

Османи смета дека Шкендија морала поангажирано да атакува на трите бода во Ѓорче Петров.

„Добро е што предноста пред Вардар е зголемена, но мислам дека не смеевме така лесно да оставиме да заминеме без триумф од ова гостување. Имаме убава предност на табелата, но мора да бидеме внимателни затоа што првенството е долго. А, не е само Вардар конкурент на Шкендија за првата позиција на табелата но тука е и одличниот тим на Академија Пандев кој оваа година игра одлично и низ подготвителните натпревари и сега во продолжението од шампионатот“ – вели Османи.

Се вчитува...