Османи: Не бевме на ниво, но најважно е што стигнавме до триумф

Стратегот на Шкендија, Ќатип Османи е задоволен од освоените три бода на дуелот против Силекс во Кратово во 6. коло од ПМФЛ иако не и од играта на својот тим.

Шкендија дојде до победата со голот на Бесарт Ибраими во 92. минута, на крајот реализирајќи ја зацртаната цел…

„Иако не одигравме најдобар натпревар најважно е што дојдовме до трите бода. Тоа што ме радува е што екипата уште еднаш покажа карактер и тоа во моментите кога игравме со фудбалер помалку на терен,па стигнавме до триумф. Ќе повторам дека не бевме на нивото, а една од причините е веројатно и ситуацијата со теренот кој не овозможува да се развие игра како што посакувате“ – вели Ќатип Османи по дуелот со Силекс.

Во среда, Шкендија во 7.коло од шампионатот во Тетово ја пречекува Тетово.

 

Се вчитува...