Османи: Немавме идеја и агресивност во нападот и заслуживме пораз

Шкендија го доживеа првиот пораз оваа сезона, откако изненадувачки загуби со 0-2 од Победа пред домашната публика. Тренерот Ќатип Османи вели дека неговиот тим немал конкретна идеја, ниту агресивност во нападот на овој меч.

„Ова е пораз кој секако боли, но мора да бидеме искрени дека наполно го заслуживме. Уште од почетокот на натпреварот беше забележливо дека немаме идеја во нападот. Немавме ниту агилност, ниту агресивност, и тоа не чинеше бодови. Тоа е можеби и поголем проблем од самиот пораз. Но, продолжуваме понатаму, ќе работиме напорно и ќе се подобриме“, изјави тренерот на Шкендија по денешниот пораз.

Се вчитува...