Актуелниот првак Шкендија оствари убедлива победа (5-0) над Силекс, а го искористи и поразот на Вардар за да ја зголеми бодовната разлика на врвот на табелата. Сега тимот на Ќатип Османи има шест бода повеќе од „вардарци“ и во Тетово веќе се размислува за нов шампионски трофеј.
„Се разбира дека сме среќни поради убедливиот триумф, но и доминацијата во играта. Ова е Шкендија што сите сакаме да ја гледаме. Се надевам дека формата на тимот и понатаму ќе расте. Овој тим има карактер како ланскиот, иако во моментот имаме неколку важни играчи кои не настапуваат поради повреди. Пред неколку кола бевме седум бода зад Вардар и не се предававме. Тоа се знаци на шампион и треба да продолжиме во овој стил“, изјави тренерот на Шкендија по убедливата победа над Силекс.
По 15 одиграни кола, Шкендија има 34 бода, пред Вардар со 28 и третопласираниот состав на Академија Пандев со 25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА