Османи: Потполно ја заслуживме победата против Силекс

Шкендија игра одлично во овој период од првенството. По убедливиот триумф над Работнички (2-6) денеска оствари уште поубедлива победа над Силекс (5-0) во Тетово. Тренерот Ќатип Осмнани е задоволен од изданието на својот тим и вели дека триумфот е потполно заслужен.

„Кога ќе дадете пет гола, тоа значи дека потполно сте го надиграле противникот. Одигравме квалитетен меч и освоивме три нови бода, но не треба да застанеме тука. Пред неколку кола најавив дека нема опуштање и драго ми е што тимот тоа го сфати сериозно. Сега не очекува гостување против новиот прволигаш Скопје и треба максимално сериозно да се подготвиме и за тој натпревар“, изјави Ќатип Османи, тренерот на Шкендија, по денешната победа над Силекс.

Се вчитува...