Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи сосема очекувано е задоволен по триумфот на неговиот тим на гостувањето против Победа во Прилеп.
Но, Османи веднаш потенцира дека не смее да се создава било каква еуфорија во тимот и поради стекнатата предност во однос на Вардар, затоа што долг е шампионатот, а Шкендија ќе мора да победува и на секој следен натпревар.
„Малку ја променивме играта во Прилеп… Моравме да се адаптираме и на теренот и на противникот. Игравме многу борбено, затоа што на тој тежок терен само така се победува. Можевме победата да ја осигураме и многу порано, но најважни се секако трите бода. Сепак, не треба во тимот да се создава било каква еуфорија поради предноста во однос на Вардар. Првенството е долго, има уште многу да се игра а ние мора да продолжиме со исто темпо на секој следен натпревар“ – вели Османи.
Шкендија во следното коло ќе се соочи со Работнички во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА