Османи прифаќа: „Јас сум виновникот, се уште не сум ја нашол вистинската формула сезонава“

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи очигледно е незадоволен од серијата натпревари без триумф за неговиот тим во шампионатот.

Факт е дека Шкендија се наоѓа во криза за која Османи, како што вели и самиот, ќе треба да го пронајде лекот…

„Три натпревари без победа е лоша ситуација на која треба да се реагира. На мечот со Ренова примивме два лесни гола за една минута и тоа не треба да се дозволи. Овој резултат покажува дека Шкендија не е во форма. Се чувствува и евидентен замор, но тоа не треба да е оправдание… Се разбира дека одговорноста, во вакви случаи, е на тренерот. Најголемиот виновник сум јас“ – ја прифаќа вината Османи, притоа дополнувајќи:

„Од поразот со Победа се обидував нешто да сменам во системот на игра, дури и во составот, но ми се чини дека се уште не сум ја нашол вистинската формула. Но, со текот на времето веруваме дека ќе се вратиме на вистинското ниво“ – вели Османи.

За Шкендија сега е повеќе од добредојдена паузата поради репрезентативните настапи, пред дерби пресметката во Скопје со Вардар на 21. октомври.

Се вчитува...