Османи: Против Дуделанж ќе има промени во составот, Фелипе ќе биде стартер

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи вели дека по елиминацијата од естонски Номе Калју анализирани се сите аномалии во играта на македонскиот шампион, па сега против Дуделанж во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа ќе има поразличен пристап.

„По елимимацијата во ЛШ прво што требаше да се направи беше да ја вратиме атмосферата. Анализиравме, најголемата грешка беше во нас. Мислам дека сега сме подготвени за новиот предизвик. Ќе има промени во составот, но пред се и во пристапот на играта. Сега мечот сигурно ќе го стартува новото засилување, Бразилецот Хуан Фелипе“ – вели Османи, притоа осврнувајќи се на противникот.

„Дуделанж има малку поинаква филозофија, сака да игра повеќе фудбал. Номе калју играше само дефанзива, очекувам Дуделанж да биде поактивна екипа и секако тоа е можност за поатрактивен фудбал“.

Првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на Европа меѓу Шкендија и Дуделанж се игра утре со почеток од 17:55 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.

Се вчитува...