Османи: Сега мораме да реагираме како шампиони

Шкендија по четири години падна на Чаир и го доживеа третиот пораз во првенството. Шкупи славеше со 1-0, па иако бодовната предност во однос на ривалите Академија Пандев и Вардар се уште е завидна, осум бода, тренерот Ќатип Османи го искажа незадоволството од играта на тимот. Тој вели дека слабата реализација беше главниот проблем на Шкендија.

„Во првото полувреме се играше рамноправно, а клучен беше пеналот за Шкупи. Во вториот дел, имавме доминација, создадовме неколку шанси, но не постигнавме гол. Во една таква ситуација, моравме да им честитаме на ривалите од Шкупи за заслужениот триумф. Ние ќе ги анализираме нашите грешки, ќе работиме напорно и ќе треба да реагираме како шампиони веќе на следниот првенствен натпревар“, изјави Ќатип Османи.

Шкендија има конфорна предност од осум бода во однос на Академија Пандев и на Вардар на врвот на табелата во Првата лига, но Ќатип Османи не дозволува ниту најмало опуштање. Во следното коло, Шкендија на домашен терен го пречекува Работнички.

Се вчитува...