Османи: Шкендија го покажа ликот кој ни е потребен за успешна сезона

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи не го криеше задоволството од импресивната победа од 6-2 на неговиот тим против Работнички во дербито на 5. коло од ПМФЛ.

„Се разбира, среќен сум од резултатот и играта прикажана против Работнички иако имавме одредени потешкотии во пресрет на дуелот“ – истакна Османи по мечот притоа дополнувајќи:

„Шкендија го покажа ликот кој ни е потребен за позитивни резултати. Бараме брза игра со многу комбинации, свесни дека не можеме во исто темпо да се игра 90 минути но со интенција добар дел период да креираме постојано шанси. И покрај овие 6-2 секогаш има и простор за подобрување на играта. Ми се допадна ова издание на тимот, но сигурно во иднина не смееме да дозволиме така лесно примање гол на почеток од меч“.

Шкендија сега се насочува кон осминафиналето од Купот на Македонија каде ќе се сретне со второлигашот Кит Го од Пехчево.

Се вчитува...