Османи: Шкендија ќе игра на триумф против Тракаи

Литванскиот тим Тракаи е третата пречка на Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа. Првиот меч се игра утре во Вилнус, со почеток во 18.30 часот, а македонскиот вицепрвак посакува да триумфира на гостински терен. Нема да биде така лесно, затоа што Тракаи изненадувачки го елиминира шведскиот Норчепинг во претходната рунда.

Тренерот Ќатип Османи најавува офанзивна игра, сака неговиот тим да постиге погодок, и доколку е можно да стигне и до триумф.

„Досегашните настапи во Лигата на Европа ни даваат надеж дека можеме да стигнеме до плејоф колото. Знаеме дека Тракаи е квалитетен тим и максимално го респектираме. Играат офанзивно, амбициозни се, и тоа секако е најава за квалитетни дуели. Верувам дека ќе успееме да се претставиме во добро издание, дека ќе постигнеме гол, а би сакал да оствариме и триумф. Но, доколку ја затресеме противничката мрежа, нема да бидеме незадоволни и доколку ремизираме. Сепак, реваншот ќе го играме во Македонија“, изјави Ќатип Османи, на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар.

 

Се вчитува...