Османи: Среќа што е почеток на сезоната, ваква игра не смее да ни се повтори

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи очекувано беше незадоволен по изданието на своите избраници на денешниот дуел против Победа во Тетово.

„Црвено-црните“ ремизираа (3-3) со прилепчани, но лесно можеа да останат и без ниту еден бод…

„Никако не може да бидеме задоволни по едно вакво издание, но се работи за почеток на сезоната па пред нас е уште простор за корекции на грешките. Во секој случај, одигравме далеку под нивото посебно во одбраната дозволувајќи на противникот да ни даде дури три гола. Јасно се виде дека во дефанзивата ни недостасува искусниот Цуцули, имаме проблеми и со повредите во средниот ред, но тоа не може и не смее да биде никакво оправдание. Пред нас останува напорна работа за да навлеземе во посакуваниот ритам во шампионатот“ – истакна по мечот Ќатип Османи.

Се вчитува...